ВИДЕО: Тина Тарнер откри што и го спасило животот по злоставувањето, мозочниот удар и загубата на синот

Profimedia

Музичката дива Тина Тарнер, која стои зад најголемите хитови во историјата на музиката, и покрај славата немаше многу бајковит живот. Имала тешко детство, избегала од лошиот и насилен брак со Ајк Тарнер, а нејзиниот син Крег изврши самоубиство во 2018-та година.

Покрај сето тоа, Тина доживеа мозочен удар во 2013-та година, само неколку дена по медениот месец на кој беше со нејзиниот втор сопруг Ервин Бах.

Фото: Инстаграм

Успеа да ги надмине овие лоши моменти свртувајќи се кон религијата и тоа токму кон будизмот.

Будизмот ми го спаси животот. Во најтешкиот период од мојот живот, вклучувајќи го и семејното насилство, почнав да пеам и да учам за будистичките принципи. Кој знае дали тоа беше предодредено, но со сигурност можам да кажам дека будизмот ми дојде точно во вистинскиот момент“, изјавила Тина Тарнер за „Тајмс“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tina Turner (@tinaturner)

„Кога поминував низ некои од најтешките моменти, можеби ќе ми беше полесно да се препуштам на брзите решенија како пушењето, алкохолот или дрогата. Меѓутоа, одлучив да погледнам во себе, да го допрам изворот на моето поголемо јас. Мојот драг пријател Дејвид Боуви, кој целиот живот се интересираше за будизмот, па ме нарече Феникс, по митската птица што се издига од пепелта“, раскажа таа.

Тина исто така верува дека животот не треба да го одредуваат големите проблеми со кои се соочуваат луѓето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tina Turner (@tinaturner)

„Ако постои една лекција која што сум ја научила, тоа е дека големите проблеми не треба да ја одредуваат вашата иднина. Нашиот успех и среќа ги одредуваат само нашите одлуки и начинот на кој ќе се избориме со неволјите. Верувам дека сите имаме потенцијал за надминување на проблемите – и не мислам само на тоа дека можеме да ги преживееме нашите проблеми, туку и да напредуваме поради нив“, порача таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tina Turner (@tinaturner)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот