ФОТО | НАСА спектакуларно ја испрати Тина Тарнер меѓу ѕвездите

Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин

Светот со безброј почести ја испраќа „кралицата на рокенролот“, Тина Тарнер, која по долго боледување почина вчера на 83-годишна возраст.

Покрај познатите личности како Мик Џегер, Глорија Гејнор, Наоми Кемпбел и многу други, Американската вселенска агенција НАСА, исто така, оддаде спектакуларна почит во чест на покојната музичка легенда, Тина Тарнер.

„Едноставно најдоброто. Музичката легенда Тина Тарнер блесна на сцената и во милиони срца како кралица на рокенролот. Нејзиното наследство засекогаш ќе живее меѓу ѕвездите’, објави НАСА, споделувајќи неверојатна фотографија од огромен број ѕвезди на нивниот Твитер профил.

Многу луѓе ги воодушеви објавата на НАСА, и реагираа со свои коментари:

„СПЕКТАКУЛАРЕН ТВИТ @NASA 🔥 прекрасен начин да се почести Тина“.
„Ова е прекрасно, и зборовите и сликата. Ви благодариме 🙏“.
„НАСА го стави првиот човек на Месечината. Тина засекогаш отиде кај ѕвездите’.
„Сега таа е најсветлата ѕвезда на небото! Бог да ја забрза г-ѓа Тарнер!’

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот