Фото: Приватна архива

Освежителен пијалак од Бобе Јанкоска: Смути од јагоди

Јованка Јанкоска Бобе, која стои зад блогот bobesbakery.mk, фејсбук и инстаграм-профилот, е вистински кулинарски креативец – нејзините рецепти се милина и за очите и за непцето.

Бобе денеска споделува рецепт за вистински освежителен пијалак: смути од јагоди.

– Кога денот бара свеж почеток или мало слатко бегство… време е за едно кремасто, миризливо смути од јагоди што ќе ти ја разбуди енергијата! Ова освежително смути од јагоди е идеален избор за лесен појадок или здрав десерт. Подготвено со едноставни состојки, нуди природна сладост, свежина и хранливи вредности кои му се потребни на организмот. Совршено е како брза енергетска напивка – порачува.

Фото: Приватна архива

Состојки:

– 10-15 свежи јагоди
– 1,5 дл јогурт со мала масленост
– 1 дл млеко
– 1 лажица мед

Фото: Приватна архива

Подготовка:

Јагодите измијте ги темелно и исчистете ги од дршките. Ставете ги во блендер, па додадете ги јогуртот, млекото и медот.

Блендирајте околу 30 секунди, сè додека не добиете хомогена смеса.

Смутито турете го во чаши и декорирајте со свежи јагоди. По желба, додадете пена од млеко или матена слатка павлака за побогат вкус и поубав изглед.

Лесно, хранливо и неверојатно вкусно – токму она што му треба на твојот ден!

На здравје!

Фото: Приватна архива

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот