Осум тивки симптоми на лупус кои често се игнорираат

Фото: Профимедиа

Пациентите може да чувствуваат болка во стомакот со мачнина и повраќање. Освен спомнатите симптоми, болеста често е тешко да се дијагностицира, бидејќи изгледа како многу други болести.

Лупусот е хронична автоимуна болест која може да погоди различни делови од телото, вклучувајќи ја кожата, зглобовите, срцето, белите дробови, бубрезите и мозокот.

Општа слабост и зголемена температура, присутни се речиси кај сите болни. Пациентите може да чувствуваат болка во стомакот со мачнина и повраќање. Освен спомнатите симптоми, болеста често е тешко да се дијагностицира, затоа што изгледа како многу други болести.

Ако имате повеќе од четири симптоми кои ви ги претставуваме, време е да посетите лекар.

1. Препознајте симптоми на грип кои не поминуваат

Треска, температура, болка во мускулите и проблеми со сонот, се класични симптоми на лупус, наведуваат лекарите.

Разликата помеѓу грип и лупус е тоа што симптомите на грип поминуваат за 10 дена, а кај лупусот може да траат подолго.

2. Губите килограми, а не сте на диета

Нагло губење на тежината може да биде првиот знак за лупус. Кога станува збор за автоимуна болест, каде имунолошкиот систем сам себеси се напаѓа, може да ја оштети тироидната жлезда и да ги наруши хормоните и така да предизвика намалување на телесната тежина.

3. Лимфни јазли на вратот

Лимфните јазли се мали структури кои му помагаат на организмот да се бори со инфекциите и да ги филтрира штетните супстанции. Нормално е да не ги гледаме, но во случај на лупус, тие можат да станат видливи и чувствителни на допир. Можете да ги почувствувате на допир на вратот, долниот дел на вилицата, зад увото…

4. Осип на сонце

Осипот на пеперуткастиот облик на носот или образите, како последица на изложување на сонцетп, е еден од симптомите што се врзува само за лупусот и обично останува на лицето долго после изложеноста на сонце.

5. Постојано сте изморени

Заморот не е доволно силен збор со кој би се опишало како се чувствувате кога станува збор за лупус, затоа што пациентите честопати се чувствуваат како да не можат да станат од креветот … Анемијата е уште еден симптом на лупусот што може да предизвика постојано чувство на замор, тврдат од американската Фондација за лупус.

6. Косата ви паѓа во прамени

Иако лупусот може да влијае и на мажите и на жените, 90 отсто од сите дијагнози одат кај жените на возраст од 15-44 години. Едно од најнепријатните искуства кај жените е опаѓањето на косата во краток период, што е еден од симптомите на оваа болест.

7. Болка во градите

Срцевиот удар е она што на многумина прво ми им паѓа на ум, но ако срцето е здраво, во прашање може да биде лупус. Секако е добро да се посети лекар веднаш.

8. Отекување на нозете

Отекувањето на нозете е еден од симптомите на лупусот, а е последица на задржување на течностите во организмот поради лошата функција на бубрезите, поради лупусот, заклучуваат лекарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот