Осум екипи во трка по трофејот на МЗТ Скопје

Екипите на Блокотехна и Охрид со натпреварот во 13 ч. го отвораат завршниот турнир од кошаркарскиот Куп на Македонија. Организатор на завршниот турнир кој се игра од денеска па се до недела е Гевгелија. Титулата ја брани екипата на МЗТ Скопје кој лани во финалето на турнирот кој се играше во Кавадарци, славеше со 76:67 над Работнички.

Токму МЗТ Скопје заедно со Работнички и Блокотехна се главните конкуренти за освојување на трофејот.
МТ Скопје во четвртфиналето ќе се сретне со Кожув кој минатиот месец изненадувачки ги довлада „металците“ во Скопје.

Работнички е фаворит во дуелот со Куманово, а актуелниот шампион ќе биде засилен и со Дариус Вашингтон кој пристигна во тимот од Градскиот парк во последниот ден од преодниот рок.
Блокотехна е голем фаворит во првиот денешен натпревар против Охрид, Гостивар и Фени Индустри ќе го дадат последниот пофиналист.

Двојки за четвртфинале:

13 ч. Блокотехна – Охрид
15.15 ч. Работнички – Куманово
17.30 ч. МЗТ Скопје – Кожув
20. Гостивар – Фени Индустри

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот