Осуденикот Нинџа ја шокираше јавноста- ослабе до непрепознатливост (ФОТО)

Александар Василевски – Нинџа кој еден од осудените за упадот во Собранието ја шокираше јавноста со својот изглед. Тој во затворот во Штип ослабел до непрепознатливост.

Според информациите на „Фокус“, тој ослабел некаде 50-60 килограми, но извори велат дека ниту го подврзувал желудникот, ниту се случувало нешто друго, туку Нинџа едноставно држел диета и ослабел.

Фото: Алфа

Нинџа деновиве по повеќе од една година се појави во јавност и е во центарот на вниманието на јавната седница што се одржува во Апелацискиот суд по жалбите на осудените.

Тој на денешната седница обелодени дека додека бил спроведуван од затвор, бил вербално нападнат од лица кои биле во придружба на ќерката на поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков.

Осуденикот Нинџа на исказ кај Рускоска, добивал закани од осудените за „27 април“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот