Осуденикот Нинџа на исказ кај Рускоска, добивал закани од осудените за „27 април“

Нинџа, покрај тоа што беше обвинет и осуден, тој е и еден од сведоците на обвинителството за случајот што подоцна го отвори за организаторите на крвавиот четврток што се случи во Собранието, а кое судење е во тек.

Александар Василевски -Нинџа, еден од осудените за „27 април“, денеска од затворот во Штип бил спроведен во Обвинителството за организиран криминал и корупција, објави телевизија Алфа.

Нинџа, покрај тоа што беше обвинет и осуден, тој е и еден од сведоците на обвинителството за случајот што подоцна го отвори за организаторите на крвавиот четврток што се случи во Собранието, а кое судење е во тек.

Од Обвинителството за „Фокус“ велат дека Нинџа бил повикан бидејќи добивал закани од други осуденици за „27 април“.

-Лицето за кое покажувате интерес преку Управата за извршување санкции до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави​ писмо со информација дека добивало закани од други лица осудени за настаните од 27 април во Собранието на Република Северна Македонија.

Прочитајте и...  До крајот на септември потрошени 44,3 проценти од буџетите

Во насока на расветлување на случајот е повикано во обвинителството да даде исказ, велат од Обвинителство.

Директорот за извршување на санкции, Јовица Стојановиќ вели дека писмото било испратено преку затворската управа.

-Осуденикот писмото го испратил преку затворската управа, по што било проследено до обвинителството, а по нивна наредба и бил спроведен, вели Стојановиќ за Фокус.

Нинџа е осуден на 8 години затвор како обвинет за “27 април”. Тој доби најниска казна. Не призна вина, но соработуваше со обвинителството, откривајќи многу детали кои и одеа во прилог на обвинителката Вилма Русковска.

 

Поврзани вести

Мицкоски: Единствената порака на Заев е да не се крева паника во состојба кога имаме бројки кои покажуваат катастрофа

Слободен печат

Од понеделник граѓаните ќе можат да направат брзи тестови по цена од 1000 денари

Слободен печат

По невидената рецесија економијата на САД порасна за 33 отсто во третото тримесечје

Илинка Иљоска

Некои граѓани не ја есапат изолацијата: Прво отишол на тестирање, па низ град, па на матичен лекар, па позитивен резултат!

Мирослава Бурнс

Не е лошо ако ви паднат антителата за коронавирус велат британските експерти. Финтата е во мемориските клетки

Илинка Иљоска

Европа денеска надмина 10 милиони случаи на коронавирус

Слободен печат

Остави Коментар