ОСУДЕН НА 11 ГОДИНИ ЗАТВОР: Виетнам обвини наставник по музичко за антидржавни Фејсбук објави

Суд во Виетнам осуди наставник по музичко на 11 години затвор поради серија објави на Фејсбук, кои според властите, биле против државата.

Нгуен Нанг Тин (43) е обвинет за „производство и дистрибуирање на антидржавни информации и материјали” на еднодневното судење во провинцијата Нге Ан, соопшти неговиот адвокат, додавајќи дека тој ќе мине пет години во домашен притвор по издржувањето на затворската казна.

Според адвокатот, Тин ги отфрла обвиненијата, велејќи дека контроверзниот профил на Фејсбук не е негов.

– Обвинителството не се откажа од тврдењето дека корисник на Фејсбук по име Нгуен Нанг Тин и мојот клиент се истата личност – додаде адвокатот.

Тин беше уапсен во мај, откако беше утврдено дека пишува и споделува антидржавни објави на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот