Сериски убиец во Тетовско / Фото: принтскрин

Осомничениот сериски убиец од Старо Нагоричане ќе оди на психијатриска процена

Јавното обвинителство информира дека истрагата за убиството во општина Старо Нагоричане е во тек. Основното јавно обвинителство Куманово, заедно со надлежните институции, спроведува активности за прибирање докази со цел целосно расветлување на случајот. Засега, обдукцискиот извештај не е доставен до обвинителството, а во наредните денови осомничениот ќе биде подложен на психијатриска проценка од тим експерти.

-Основното јавно обвинителство Куманово и сите надлежни институции и органи преземаат огромен број дејствија за обезбедување докази за целосно расчистување на овие настани. Осомничениот е обезбеден и во следните денови ќе следи негова психијатриска проценка од тим на експерти. До овој момент вештиот наод од извршената обдукција на ексхумираното тело не е доставен до јавниот обвинител. Во текот на оваа сложена постапка се вршат распити на лица, а ќе бидат обезбедени и сите други потребни докази за целосно расчистување на случаите, но во оваа фаза од постапката во интерес на истрагата не може да се споделуваат повеќе детали – соопштија од ЈОРСМ, пренесе МИА.

Според полицијата, на 12 февруари осомничениот Т.Б. (25) од село Малотино влегол во домот на 78-годишната М.С. во село Драгоманце, ја нападнал и ја задушил со перница, по што таа починала на местото. Тој е лишен од слобода и се сомничи за кривично дело убиство по член 123 од Кривичниот законик.

Жителите на општината Старо Нагоричане живеат во страв и неизвесност по апсењето. Дел од семејствата ги префрлиле своите постари родители од селата, а останатите изразуваат загриженост за личната безбедност. Осомничениот бил познат во средината како мирен и повлечен, се движел со велосипед и чувал добиток.

Психијатрите препорачуваат семејствата на жртвите да побараат лекарска помош доколку почувствуваат симптоми на посттрауматски стрес, како несоница, главоболки или срцебиење.

Убиството на 78-годишната жена, која живеела сама во Старо Нагоричане и која била претепана и задушена со перница, доведе до апсењето на осомничениот. По ова убиство се прошири истрагата и за уште четири други убиства.

86-годишна жена од Челопек успеала да преживее брутален напад во својот дом. Напаѓачот влегол додека била сама, а ја спасил случаен шум поради кој избегал, оставајќи ја повредена и во крв.

Во меѓувреме се појави и снимка од осомничениот сериски убиец, како се обидува да влезе во куќа, но вратата е заклучена.

Жена од Челопек сведочи за напад во домот: „Ми фрли ќебе преку глава и ме фати за гуша“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот