Осомничен сериски убиец е уапсен во Куманово, полицијата го поврзува со повеќе злосторства
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово нареди истражна постапка против 25-годишник од селото Челопек, општина Старо Нагоричане, кој е осомничен за убиство на жена. Во досегашната истрага обезбедени се докази кои укажуваат на поврзаност на ова убиство со неколку други слични во Кумановско.
Препорачано
„На точно неутврден датум во периодот од 27.01 до 12.02.2026 година, осомничениот со умисла на свиреп и подмолен начин ја лишил од живот жртвата, жена родена во 1947 година. Ја искористил околноста дека оштетената живеела сама, била стара и немоќна. Кога влегол во нејзината куќа, таа спиела на креветот, па осомничениот физички ја нападнал, задавајќи ѝ повеќе удари со кои ѝ нанел тешки телесни повреди од кои жената починала“.
Момче е осомничено дека задушило 78-годишна жена со перница во Челопек – Слободен печат
Со интензивни координирани дејствија во изминатите неколку дена на ОЈО Куманово и истражниот центар во тоа обвинителство, МВР и екипите на Институтот за судска медицина обезбедени се докази кои укажуваат на поврзаност на овој настан со неколку други слични случаи во Кумановско.
„Заради сличности во однос на изборот на жртвата и суровиот начин на извршување на делото се испитува дали и во тие случаи станува збор за убиства извршени од истиот сторител. За една од потенцијалните жртви вчера беше наредена ексхумација и обдукција, од телото на починатата жена се подигнати траги и ДНК кои се вештачат“, велат од обвинителството.
Истражните органи работат на сложени вештачења и анализи, како и други дејствија за обезбедување докази, кои во моментов не можат да бидат споделени со јавноста поради тајноста на постапката.
Осомничениот од моментот на неговото откривање веднаш е лишен од слобода и обезбеден, а по предлог на јавниот обвинител му е одредена мерка притвор. Наредено е и психијатриско вештачење на осомничениот од страна на тим вешти лица – форензички психијатри од Институтот за психијатрија во Скопје.
Момче е осомничено дека задушило 78-годишна жена со перница во Челопек


