Момче е осомничено дека задушило 78-годишна жена со перница во Челопек
Покрај убиството, полицијата го сомничи Т.Б. и за повеќе тешки кражби извршени во неколку села на подрачјето на општина Старо Нагоричане.
Момче е уапсено под сомнение за убиство на 78-годишна жена во селото Челопек, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Препорачано
Според информациите од полицијата, 25-годишниот Т.Б. од селото Малотино бил уапсен на 13 февруари околу 19:30 часот во селото Драгоманце, поради сомнение дека сторил кривично дело „убиство“.
МВР наведува дека осомничениот се сомничи дека претходниот ден, на 12 февруари, во домот на жртвата физички ја нападнал 78-годишната М.С. од селото Челопек, по што ја задушил со перница, при што таа починала на самото место.
Повозрасна скопјанка паднала од автобус, возилото ѝ ја прегазило ногата
Покрај убиството, полицијата го сомничи Т.Б. и за повеќе тешки кражби извршени во неколку села на подрачјето на општина Старо Нагоричане.
За случајот е известен надлежен јавен обвинител, а осомничениот е задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Пронајдени се човечки коски и облека во скопското село Горно Количани
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
2час
-
3час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


