Сериски убиец во Тетовско / Фото: принтскрин

ВИДЕО | Се појави снимка од осомничениот сериски убиец во Старо Нагоричане – се обидува да влезе во куќата на постара жена

Телевизијата „Телма“ објави снимка од осомничениот за серија брутални убиства во Кумановско, случај што ја потресе јавноста и отвори сомнежи за повеќе нерешени смртни случаи.

На видеото што е снимено од камери на една од куќите во близина, се гледа младиот маж од околината на Старо Нагоричане, кој веќе е во притвор поради свирепото убиство на 78-годишна жена, како се обидува да влезе во куќа, но вратата е заклучена. Според изворите на Телма се работи за дом кој се наоѓа близу местото познато како Коински Мост, а во куќата живеела сама повозрасна жена.

Осомничен сериски убиец е уапсен во Куманово, полицијата го поврзува со повеќе злосторства – Слободен печат

На нив се гледа и дека се снимани на 23 јануари годинава во еден часот и 54 минути после полноќ. Токму овие снимки биле пријавени и во полиција, тврделе жители на Старо Нагоричане за Телма. Според мештаните веќе подолго време кружеле сомнежите за 25-годишникот од селото Драгоманце, кој со велосипед го обиколувал регионот, дека е можно да убива и силува жени. Но никој не ги истражувал случаите.

Истрагата сега се прошири, па обвинителството и полицијата проверуваат дали овој млад човек стои зад најмалку уште четири сомнителни смртни случаи.

86-годишна жена од Челопек успеала да преживее брутален напад во својот дом. Напаѓачот влегол додека била сама, а ја спасил случаен шум поради кој избегал, оставајќи ја повредена и во крв.

Само неколку дена подоцна, во Старо Нагоричане беше пронајдена мртва 78-годишна жена која живеела сама. Таа била претепана и задушена со перница, а постојат индиции дека сторителот ѝ ограбил дел од имотот. Токму овој случај довел до апсењето на осомничениот.

Жена од Челопек сведочи за напад во домот: „Ми фрли ќебе преку глава и ме фати за гуша“ – Слободен печат

Според информации од истрагата, се преиспитуваат пет смртни случаи – три од оваа година и два од лани. Заедничко за сите жртви е што биле жени кои живееле сами, пронајдени мртви во своите домови, делумно соблечени, без претходно да биде побарана обдукција бидејќи првично не биле утврдени траги на насилство.

Обвинителството сега бара ексхумација на една 37-годишна жена, чија смрт била прогласена за предозирање со алкохол, но локалните жители уште тогаш се сомневале дека нешто не е во ред.

Старо Нагоричане, Челопек, Драгоманце и Клечовце се местата каде што се случиле нападите, сите на мала оддалеченост. Жителите велат дека осомничениот им бил познат по ситни кражби и често се движел со велосипед низ селата.

Жена од Челопек сведочи за напад во домот: „Ми фрли ќебе преку глава и ме фати за гуша“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот