Фото: ФК Вардар

Осогово и Вардар ќе играат во чест на жртвите од трагедијата во Кочани, парите ќе се донираат за изградба на споменик

Eкипата на Вардар соопшти дека на 7 февруари ќе одигра пријателски натпревар против Осогово кој ќе има хуманитарен карактер.

Натпреварот на стадионот „Никола Мантов“ ќе биде одигра во чест на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“ на 16 март и средствата ќе бидат донирани за изградба на спомен обележје.

„Сите собрани средства ќе бидат наменети за изградба на спомен-обележје, како траен симбол на почит, сеќавање и достоинство. Ги повикуваме сите навивачи и љубители на фудбалот да присуствуваат и заедно да покажеме хуманост, солидарност и заедништво“, стои во објавата на Вардар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот