Османи за критиките од Азербејџан: Ако се водам по реакциите не треба да преземам никакви мерки

Како претседавач со ОБСЕ, тоа што сум убеден дека е правилно, тоа го правам и на сметка на реакции кои што може да ги имаат одредени земји учеснички, иако навремено ги имаме информирано сите страни, вели Османи по критиките од Азербејџан дека бил пристрасен кон Ерменците.

Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи ги отфрла критиките од Азербејџан дека е пристрасен кон Ерменците и вели дека во ситуација која 120.000 Ерменци се изолирани на територија што е под контрола на Азербејџан, Организацијата се ангажира да се обезбеди коридор за испраќање хуманитарна помош.

– Мора да им се помогне на овие десетици илјади Ерменци кои што бегаат во Ерменија. Азербејџан веднаш пушти реакција на тоа, но ако се водам јас по реакциите не треба да преземам никакви мерки. Тоа што сум убеден дека е правилно, тоа го правам и на сметка на реакции кои што може да ги имаат одредени земји учеснички, иако навремено ги имаме информирано сите страни – вели Османи и додава дека во неколку наврати разговарал со министрите на двете земји за деескалација на ситуацијата.

Властите во Баку ја осудија изјавата на министерот Бујар Османи, кој како претседавач на ОБСЕ повика на зголемена меѓународна поддршка и хуманитарна помош за над 100.000 Ерменци од Нагорно Карабах кои нашле засолниште во Ерменија.

„Наспроти повеќедецениската неприфатлива негрижа на Организацијата за сериозните прекршувања на нејзините принципи и обврски од страна на Ерменија, таквата позиција заснована на едностран и пристрасен наратив не може да се смета за веродостојна. Користењето на ОБСЕ, неговото Претседателство и другите извршни структури за оваа цел е штетна и за напорите за изнаоѓање решенија за проблемите со кои ОБСЕ како организација во моментов се соочува“, пишува во реакцијата од МНР на Азербејџан.

Османи пак, како што вели, на претседателот на Азербејџан како можно решение му го понудил моделот на интеграција според Охридскиот договор, а на грузискиот претседател моделот на регионална соработка РИКО преземен од француско-германското искуство за соработка меѓу младите од Грузија, Ерменија и Азербејџан. Притоа наведува дека сѐ е уште е отворена понудата за оваа негова иницијатива до трите земји, откако првично договорениот термин за посета на земјава во август, годинава, не се реализирал поради нивната посета на Вашингтон.

Што се однесува до блокадата од Москва на изборот на нов претседавач со ОБСЕ за идната година, Османи вели дека се во игра повеќе сценарија, а едно од нив е мандатот на Македонија да биде продолжен уште една година, за што исто така е неопходен консензус.

Тој на денешниот брифинг во МНР на прашање од новинарите појасни дека во 2020 година само Естонија има формално поднесена кандидатура за претседавање со ОБСЕ во 2024 година, а кое досега три пати е блокирано од Руската Федерација бидејќи одлуките во ОБСЕ се носат со консензус од сите 57 држави членки.

– Јас на 26 септември свикав вонреден состанок на ОБСЕ на кој присуствуваа над 40 министри за да ги покренам овие прашања и таму уште еднаш Руската Федерација кажа јасно и гласно дека нема да ја поддржи Естонија. И затоа формиравме група пријатели на Претседавачот кои паралелно со мене прават консултации со други држави кои што можат да бидат алтернативни решенија. Сте забележале дека патувам последниот период кон Централна Азија, меѓутоа и во други држави. Се бара алтернативен претседавач за 2024 година бидејќи за 2025 година е веќе одобрена Финска, вели Османи.

Според Османи, ОБСЕ тешко може да функционира без претседавач и второто алтернативно сценарио на кое се работи е да се најде држава за која би се постигнал консензус од сите членки на Организацијата, на што интензивно се работи.

-Доколку и алтернативна држава не би успеала, тогаш, едно од сценаријата е Северна Македонија да продолжи уште една година за да организацијата не остане без претседавач, меѓутоа и за тоа ќе треба консензус од 57-те членки, вели Османи.

Во однос на ситуацијата меѓу Ерменија и Азербејџан и 120.000 Ерменци во Нагорно Карабах кои се изолирани на територија која е под контрола на Азербејџан, Османи вели дека во текот на годината ОБСЕ се ангажира да се обезбеди коридоротот за испраќање хуманитарна помош. Тој ги отфрла обвинувањата од Азербејџан дека бил пристрасен кон Ерменците.

-Мора да им се помогне на овие десетици илјади Ерменци кои што бегаат во Ерменија. Азербејџан веднаш пушти реакција на тоа, така што ако се водам јас по реакциите не треба да преземам никакви мерки. Тоа што сум убеден дека е правилно тоа го правам и на сметка на реакции кои што може да ги имаат одредени земји учеснички, иако ги имаме информирано навремени сите страни, вели Османи кој наведува дека во неколку наврати разговарал со министрите на двете земји за деескалација на ситуацијата.

Тој на претседателот на Азербејџан, вели, како можно решение му го понудил моделот на интеграција според Охридскиот договор, а на грузискиот претседател моделот на регионална соработка РИКО преземен од француско-германското искуство за соработјка меѓу младите од Грузија, Ерменија и Азербејџан. Наведува дека се уште е отворена понудата за оваа негова иницијатива до трите земји, откако првично договорениот термин за посета на земјава во август, годинава не се реализирал поради нивната посета на Вашингтон.

Азербејџан го обвини Османи за пристрасност кон Ерменија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот