Османи по реваншот со Пјуник: Не бевме на вистинското ниво во првото полувреме
Фудбалерите на Струга доживеаја од 3:1 од Пјуник во Ереван во реваншот од второто квалификациско коло во Конференциската лига. Така, и актуелниот македонски шампион рано го завршува настапот на меѓународната сцена.
Препорачано
Селекторот на Струга, Ќатип Османи даде свое мислење по елиминацијата од Европа.
Иако амбициите беа многу поголеми, овојпат натпреварувањето е завршен во второто коло.
Победата од 2:1 на првиот меч во Охрид се покажа како недоволна за тимот кој немаше среќа на возвратниот дуел со примен гол во 96 минута.
– Во првото полувреме не бевме на вистинското ниво. На противникот му дозволивме многу простор да нападне пред нашиот гол и како резултат на тоа ги примивте двата гола. Благодарение на Ибраими, успеавме да се вратиме на крајот од првото полувреме. Можам да кажам дека второто полувреме беше рамноправно, неколку пати се обидовме да ризикуваме кон противничкиот гол, но безуспешно. На крајот се случи тоа што се случи, го примивме и третиот гол кој нѐ елиминираше – рече Османи за чиј реванш дуелот со Пјуник беше 30 во европските клупски натпреварувања.
Пјуник ја елиминираше Струга со гол во 96 минута во Конференциската лига


