ОСКАРИ: Првото доделување на Оскарите траело 15 минути

Доделувањето на Оскарите веќе со децении е синоним за гламур. Ѕвездите на црвениот тепих дефилираат во дизајнерски креации, а тоа „во живо“ го следат милиони гледачи. Но првото доделување на Оскарите било „малку“ поинакво.

На првите Оскари во 1929 година имало 270 поканети гости, билетот чинел пет долари (денешни 72 долара), а настанот се случувал во малата сала на хотело „Холивуд Рузвелт“ во Лос Анџелес.

Церемонијата ја водел глумецот Даглас Фербенкс, кој со сопругата, глумица и прва филмска дива, Мери Пикфорд, бил идеален зачетник на наградите. Некои од номинираните уметници не биле номинирани поради еден конкретен филм, туку поради нивната работа генерално, но таа пракса набрзо се променила.

Профимедиа

Целата церемонија на доделување на наградите траела 15-на минути, а не била пренесувана ниту на телевизија ниту на радио. Телевизиските преноси почнале во 1953 година. Добитниците, кои биле изгласани три месеци порано, морале да ја напуштат вечерата за да ја земат својата статуетка. Вечерата била – пилешко на путер и печен сладок компир. Најдобрите слаткари од „градот на анѓелите“ на количка ги носеле своите колачиња инспирирани од француската гастрономија.

Првите најдобри глумци на Оскарите биле Џанет Гејнор и Емил Јанингс. За режија награда добиле – Френк Борзејги (за драма) и Луис Мајлстон (за комедија), а посебна награда за придонес во уметноста добил Чарли Чаплин.

За најдобар филм, Оскарот го добил „Вингс“ (Крилја). Филмот е прогласен и за културно значаен од страна на Конгресната книжарница во Вашингтон и одбран е за чување во Националната кинотека на САД.

-Академијата е наша лига на народот, платформа на која секој глас ќе вреди еднакво и каде ќе ги решаваме проблемите во индустријата, и ќе ги наградуваме најзаслужните, рекла своевремено Мери Пикфорд. Урбаните легенди зборуваат за пијанствата во хотелот кои следувале, зошто на доделувањето течеле потоци алкохол за време на прохибицијата.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот