Оскари 2022: Еве кои три жени ќе бидат водителки на престижната церемонија

оскари
Реџина Хол, Ејми Шумер и Ванда Сајкс / Фото: EPA-EFE

На овогодинешното 94-то доделување на Оскарите во улога на водителки ќе ги видиме три актерки – Реџина Хол, Ејми Шумер и Ванда Сајкс, пренесуваат странските медиуми.

Поминаа 35 години откако јавноста имаше прилика да види три водители на најголемиот холивудски спектакл. Но, никогаш досега не биле три жени на сцената во една вечер во улога на водителки на престижната церемонија на доделување
награди.

Објавени номинациите за Оскари 2022: Филмот „The Power of the Dog“ со 12 номинации

„Hollywood Reporter“ минатата недела објави дека церемонијата на Оскар, во продукција на Вил Пакер и во режија на Глен Вајс, ќе ја водат три лица.

Имено, Пакер и тимот кој стои зад церемонијата на Оскарите барале тројца водители за шоуто, а не една личност имале намера да ангажираат талентирани актери или актерки кои ќе бидат интересни за разновидната публика.

Во понеделникот, магазинот потврди дека секоја од трите актерки ќе води по еден час од церемонијата, а Шумер ќе биде „главна координаторка“. Претставниците на Академијата за филмски уметности и науки и Шумер, Хол и Сајкс засега
ниту ја потврдиле ниту ја негирале оваа информација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот