Оштетен авион на „Емирати Ерлајнс“ на московскиот аеродром Домодедово

Фото архива на СП

На московскиот аеродром Домодедово беше оштетен авион од типот „Ербас А380“ на компанијата Емирати Ерлајнс, поради што летот за Дубаи мораше да биде одложен.

„За време на подготовката на летот ЕК134, авионот Ербас 380-800 беше оштетен додека во него немаше патници. Авионот е суспендиран од летање и се проценува неговата техничка состојба“, се наведува во соопштението.

Од аеродромот изјавија дека сите патници го зеле следниот лет со задоцнување од помалку од осум часа. Московската канцеларија на авиокомпанијата Емирати потврди дека летот за Дубаи во 16:35 часот е откажан поради „оперативни причини“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот