Осака се повлече од Мастерс Синсинати, денеска нема тенис поради протестите
Јапонската тенисерка Наоми Осака соопшти дека нема да го игра полуфиналениот меч на Мастерс Синсинати како поддршка на борбата против полициската бруталност во САД.
Осака обезбеди пласман на турнирот кој се игра во Њујорк откако со голем пресврт ја совлада Анет Контавеит, но одлучи денеска да не се појави на теренот и да и се спротивстави на Елиз Мертенс.
— NaomiOsaka大坂なおみ (@naomiosaka) August 27, 2020
– Како што знаете, требаше да играм во полуфиналето, но јас сум Афроамериканка. Чувствувам дека во овие моменти се случуваат позначајни работи на кои им е потребно поголемо внимание отколку на мојот дуел. Не очекувам ништо драстично да се случи поради тоа што немада играм, но доколку успеам да започнам дискусија во спортот мнозинството се белци тоа е чекор натпред. Мака ми е од геноцидот кој го прават полицајците над Афроамериканците – порача Осака.
Експресно реагираше и организаторот кој одлучи да ги откаже сите дуели кои требаше да се играат денеска.
„Како спорт, тенисот ќе зазеде заеднички став кој е против расната нееднаквост и социјалната неправда кои повторно се во фокусот на јавноста во САД. Тениската федерација на САД, АТП и ВТА одлучија овој тежок момент да го одбележат така што ќе во четвртот ќе паузира Мастерс Синсинати. Натпреварите ќе продолжат во петок“, објави организаторот.