ОРМ: Да ја подигнеме личната одговорност и заеднички да излеземе од оваа криза
Во услови на капитализам развојот на државата се заснова на идеите, храброста, пожртвуваноста, знаењето и умешноста на претприемачите, а државата е должна да овозможи добри услови за стопанисување, смета претседателот на ОРМ.
Владата е свесна дека покрај решавање на проблемот со ширењето на вирусот и одржување на здравствениот систем, неопходна е државна помош за спас на економијата. Граѓаните мораат да земат плата за да трошат и на тој начин да го полнат буџетот на државата, порача Ангел Димитров, Претседател на Организацијата на работодавачи на Македонија.
Препорачано
Тој истакна дека во услови на капитализам развојот на државата се заснова на идеите, храброста, пожртвуваноста, знаењето и умешноста на претприемачите, а државата е должна да овозможи добри услови за стопанисување. Слободата на претприемништвото е гарантирана со Уставот и секој има право да отвори фирма и да биде „газда”.
Недела Владата ќе излезе со по конкретни мерки за помош на стопанството, но не очекувајте дека ќе ги покрие 100% од изгубените приходи и зголемените трошоци, затоа во ова тешко време ни е потребно да ја потиснеме паниката и стравот, да ја подигнеме личната одговорност и заеднички да излеземе од оваа криза.


