Оригинален рецепт за неговото височество – коктел „мохито“

Фото: Профимедиа

Според историските извори, настанал во Хавана, Куба, иако неговото точно потекло е предмет на дебата.

Потеклото на рецептот се поврзува со локалните јужноамерикански Индијанци, кои правеле лековити пијалаци за разни тропски болести. Тие на Куба пронашле состојки што биле ефикасен лек за скорбут и дизентерија и со тоа ги лекувале болните морнари што доаѓале на островот.

Состојките на овој пијалак биле aguardiente de cana (преведено како „огнена вода“, сурова форма на рум направен од шеќерна трска) измешан со локални тропски состојки: лимета, сок од шеќерна трска и нане.

Од сите состојки потврдено е дека лиметата е заслужена за лекување болести, а другите состојки придонеле за севкупниот вкус на пијалакот.

Што се однесува до името на коктелот, постојат неколку теории: според едната, името се однесува на мојо, кубански зачин направен од лимета, а според друга, името мохито потекнува од зборот моједито (на шпански значи „малку влажно“ ).

Традиционално, „мохито“ е коктел што се прави од пет состојки:

– бел рум (60 мл),

– шеќер или традиционално сок од шеќерна трска (1 лажичка шеќер или 15 мл сируп),

– сок од лимета (1 лимета или 22 мл),

– газирана вода (за надополнување на чашата, по вкус)

– листови нане (3 листови + за декорација)

– Комбинацијата од шеќер, цитрус и нане е тука за да го заокружи вкусот на румот.

Подготовка:

При подготовката, прво на шеќерот или шеќерниот сируп му се додаваат свежиот сок од лимета и листовите нане. Мешавината благо се гмечи со лажица или толчник што се користи за подготовка на коктели. Листовите од нане треба да се изгмечат, а не да се сечкаат, бидејќи така ги ослободуваат своите есенцијални масла.

Потоа се додава румот и мешавината кратко се промешува за да се раствори шеќерот и да се распределат листовите нане.

На крајот, пијалакот се надополнува со кршен мраз и газирана вода.

За украсување на чашата се користат листови од нане и парче лимета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот