Фото: Профимедиа

Оригинален македонски рецепт за малиџано: Трикот е во една состојка

Малиџано или зелен ајвар е традиционален балкански намаз, кој понекогаш по боја наликува на песто. Се подготвува главно од пасиран модар патлиџан, зелени пиперки, лук и масло. Името го добило од италијанскиот збор за модар патлиџан – меланзане (melanzane).

Иако малкумина знаат, сепак, подготовката на оригинално малиџано се прави исклучиво со зелени ајварки пиперки.
Малиџаното е карактеристично за Македонија, но популарно е и во другите балкански земји – Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, каде што рецептот за малиџано претрпе неколку промени.

На пример, на некои места во модриот патлиџан и пиперките се додаваат сирење и јаткасти плодови, како ореви. Во секој случај, резултатот е секогаш исклучителен и финалниот намаз е навистина волшебен.

Малиџаното секогаш се служи со парче леб. А кога ќе се додадат маслинки или сирење, добиваме незаборавен сендвич.

Состојки:

– 12 кг зелени пиперки
– 10 кг модар патлиџан
– 2 литри масло за јадење
– 150 грама шеќер
– 130 мл вински оцет
– 3 лажици сенф
– 2 лажици сол
– 1 лажица шеќер

Подготовка:

Најпрви убаво измијте ги и испечете ги модрите патлиџани и пиперките.
Откако ќе завршите со нивното печење, почнете со лупењето, а потоа убаво измелете ги со машинка за мелење на месо.
Добиената смеса сипете ја да се пржи во поголемо тенџере, во кое претходно сте загреале мешавина од масло, оцет, сол и шеќер.

Пржете околу 3 часа, а пред малиџаното да биде готово, додајте му го сенфот.

Најверојатно од оваа количина пиперки и модри патлиџани ќе ви испаднат околу 10 тегли.

Врелото малиџано се собира во врели тегли, кои се виткаат со крпи за постепено да се изладат и да се вакумираат за да можат да бидат квалитетни за јадење во текот на зимскиот период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот