Фото: EPA-EFE/SZILARD KOSZTICSAK

Орбан се сретна со Ердоган, главна тема билатералните односи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и унгарскиот премиер Виктор Орбан се сретнаа денеска во главниот град Будимпешта, јавува Анадолија.

За време на средбата зад затворени врати, Ердоган и Орбан разговарале за сите аспекти на билатералните односи, како и за регионални и меѓународни прашања.

Подоцна денеска, Ердоган ќе присуствува на Светското првенство во атлетика, како и на церемонијата за одбележување на основањето на Унгарија.

За време на еднодневната посета се очекува Ердоган да разговара и со други колеги, меѓу кои и со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Односите меѓу Турција и Унгарија беа подигнати на ниво на стратешко партнерство во 2013 година по формирањето на Советот за стратешка соработка на високо ниво. Пријателските врски во последниве години добија замав на сите полиња, наведува турската агенција Анадолија.

Овој декември двете земји треба да ја прослават 100-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот