Фото: Општина Аеродром

Општинските инспектори ќе ја мерат бучавата во Аеродром, ќе има и казни

Општина Аеродром започнува со контрола и мерења на прекумерната бучава заради заштита на здравјето, мирот и квалитетот на живеење на граѓаните.

Оттаму информираат дека овластените општински инспектори за животна средина ќе спроведуваат интензивни и континуирани контроли, со посебен фокус на угостителските и туристичките објекти, со цел доследно почитување на законските одредби.

За непочитување на законските норми предвидени се високи санкции, и тоа:

• глоба од 6.000 до 7.000 евра (во денарска противвредност) за микро трговци,
• од 13.000 до 14.000 евра за мали трговци,
• од 37.000 до 41.000 евра за средни трговци,
• од 62.000 до 69.000 евра за големи трговци,
• како и глоба од 2.000 евра за трговец поединец.

Глобите се изрекуваат доколку нивото на бучава при вршење на угостителска или туристичка дејност ги надминува пропишаните гранични вредности.

Согласно со член 9 од Законот за заштита од бучава во животната средина, забрането е емитирање бучава над пропишаните гранични вредности. Во станбените објекти, во вечерниот период од 19 до 23 часот, дозволеното ниво на бучава не смее да надмине 35 dBA, а во ноќниот период од 23 до 7 часот, дозволеното ниво на бучава не смее да надмине 30 dBA.

Општина Аеродром упатува апел до граѓаните, доколку се изложени на прекумерна бучава, случаите веднаш да ги пријават на електронската адреса: [email protected]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот