Бесплатни часови по пливање за сите ученици до трето одделение во новиот базен во Карпош
Заменик-градоначалникот на Општина Карпош, Неделчо Крстевски, на денешното свечено отворање на новиот базен до салата „Партизан“, најави дека Општината ќе обезбеди бесплатни часови по пливање за сите деца од прво до трето одделение.
Препорачано
Пуштен во употреба новиот базен при салата „Партизан“ во Карпош
Тој рече дека влезот на базенот за учениците од Карпош ќе биде исто така бесплатен.
„Го преземаме како Општина Карпош овој, слободно кажано, маркантен базен за Општината кој ќе го користат најмладите. Со оглед на тоа што, согласно димензиите, тој е наменет токму за најмладите, Општина Карпош во наредниот период, заедно со основните училишта, ќе обезбеди децата од прво до трето одделение да имаат бесплатни часови по пливање. Во наредните неколку години нашата цел е сите дечиња до деветгодишна возраст во Карпош да знаат да пливаат“, рече заменик-градоначалникот Крстевски.
ВИДЕО | Мицкоски го „промовираше“ Крстевски во градоначалник на Карпош
Базенот е широк девет метри, долг е 25 метри, а длабочината му е од 0,80 до 1,2 метри. Тој чинеше 760 илјади евра, а се гради од 2023 година.


