Општина Маврово и Ростуше бара да се прогласи кризна состојба поради зголемениот број на мечки

мечка кафеава EPA-EFE/

На вчерашната вонредна седница на Советот на Општина Маврово и Ростуше, ја задолжи Општината да поднесе барање до Владата за прогласување кризна состојба поради големиот број мечки кои претставуваат опасност за животот и имотот на жителите.

Во писмениот допис до Владата, од Општината посочуваат дека мечките, кои според податоците на Националниот парк „Маврово“, се околу 160-180 на број на оваа територија, предизвикуваат големи материјални штети особено на пчеларите, сточарите, земјоделците, како и на домовите на жителите на општината за што, како што додаваат, е повеќепати пријавувано до надлежните.

Посочуваат оти зголеменото присуство на мечките е животозагрозувачко по граѓаните и бараат од Владата да предложи конкретни мерки и активности за решавање на настанатата ситуација.

„Општина Маврово и Ростуше ги презеде сите активности и мерки кои се во своја надлежност, сè со цел да ги заштити своите граѓани. Одржани се состаноци со месните заедници на сите населени места во Општина Маврово и Ростуше, полициските одделенија во Ростуше и Маврово, граничните полициски станици во Жировница и Стрезимир, ЈУНП Маврово, претставници од Министерството за земјоделство, шумарство водостопанство и претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање“,велат од Општината.

Дополнително, од Општината ги повикуваат надлежните министерства, Националниот парк „Маврово“, Центарот за управување со кризи (ЦУК) и другите надлежни институции да се стават во функција за што поскоро решавање на проблемот, со цел враќање на безбедноста на граѓаните.

 

Со истиот проблем се соочуваат и жителите на шарпланинските села коишто се жалат дека се почесто мечките им се „ненајавени гости“ во нивните дворови, и стравуваат за својата безбедност и на своите блиски.

 

Во селото Жировница убиени мечка и две мечиња

ФОТО | Мечка влегла во дворот на екс пратеникот Љатиф Пајкоски: Умоболни бирократчиња ја штитат мечката, но не и населението

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот