Општина Кисела Вода: Негувателите почнаа да им помагаат на старите лица

Фото:Општина Кисела Вода

Започнаа со работа негувателите на стари лица, кои се јавија на распишаниот оглас од страна на Општината

Започнаа со работа негувателите на стари лица кои се јавија на распишаниот оглас од Општина Кисела Вода. Тие секојдневно им помагаат на старите лица во извршување на обврските и активностите, но и се дружат со нив и им овозможуваат староста да не им биде пречка за нормално функционирање, информираат од општина Кисела Вода.

Една од негувателките е и Дијана Мести, која се грижи за дедо Ѓорѓи. На огласот кој го распиша Општина Кисела Вода се јавила веднаш, бидејќи веќе има вакво искуство стекнато во Калифорнија, пред неколку години. По добивањето на лиценцата, веднаш почна со работниот ангажман. Таа го опиша дедо Ѓорѓи како ведар и разговорлив со кој веднаш почнале да се согласуваат. Во петокот, заеднички отидоа во Здравствениот дом, за тој да ја прими третата доза од вакцината. Му помагаше да стигне до таму, а со разговор го храбреше и за време на другите здравствени прегледи. Тој, пак, видно расположен, објасни дека во друштво, се е полесно и дека го чека потоплото време за да може заедно со Дијана да се шетаат во паркот Шопен, кој е во непосредна близина, но е недостижна дестинација кога човек е во години и нема придружба – известуваат од Општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот