Општина Карпош започна вонредна пролетна дератизација

Од Општина Карпош информираат дека денеска започна вонредна пролетна дератизација на територија на општината.

Како што соопштија, со акцијата ќе бидат опфатени околу 5.000 шахти, а ќе се спроведе и дезинфекција, дезинсекција и дератизација во сите основни училишта и детски градинки на подрачјето на општината.

„Општина Карпош ја презема оваа иницијатива секоја година на пролет и на есен, како превенција од штетните глодари и инсекти, во насока на одржување на здравата животна средина“, соопштија од Општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот