Општина Центар: Поставена нова вертикална сообраќајна сигнализација на повеќе улици

Фото: mia.mk

Екипи на oпштина Центар поставија нови сообраќајни знаци на улиците во зони на основни училишта и градинки и тоа на „Мирче Ацев”, во непосредна близина на ООУ „11 Октомври”, на улица „Стив Наумов” во близина на ЈУДГ „Раде Јовчевски-Корчагин” – објект „Пепелашка” и на улиците „29 Ноември” и „Радњанска”, во близина на ООУ „Коле Неделковски”.

Како што информира oпштина Центар, денеска општинските служби ја обновуваат вертикалната сообраќајна сигнализација на улицата „Тасино Чешмиче”, во зона на детската градинка „Кочо Рацин” – објект „Панорама”.

Покрај обновувањето на вертикалната сообраќајна сигнализација, oпштина Центар редовно ја одржува и хоризонталната сообраќајна сигнализација, а изминатиот период постави и девет подигнати пешачки платоа во близина на детските градинки и основните училишта.

– Со овие активности се олеснува ориентацијата и се нормализира движењето на учесниците во автомобилскиот сообраќај, а се зголемува степенот на безбедност на родителите и децата кои престојуваат во детските градинки и посетуваат настава во основните училишта, се вели во соопштението од Општина Центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот