Општина Аеродром ќе обезбеди таблети за децата од прво до деветто одделение

таблети
Таблет за следење дигитализирана настава / Фото: Архива на Слободен печат

Реализацијата на овој проект е во тек, односно во моментов се работи на утврдување колку вкупно таблети треба да се набават и колку средства се потребни, со цел тие да се предвидат во Буџетот на Општината

Општина Аеродром планира да обезбеди таблет за секое дете што посетува настава од прво до деветто одделение и со тоа, како што велат оттаму, ќе се подигне свеста за дигитализацијата во модерното време во кое живееме, а истовремено и ќе се растовари буџетот на семејствата што имаат деца на оваа возраст. Од Општина Аеродром информираат дека е во тек реализацијата на овој проект, кој беше дел од предизборната програма на актуелниот градоначалник Тимчо Муцински.

-Реализацијата на овој проект е во тек, односно во моментов се работи на утврдување колку вкупно таблети треба да се набават и колку средства се потребни, со цел тие да се предвидат во Буџетот на Општината. Со обезбедување таблет за секое дете, ќе се подигне свеста за дигитализацијата и модерното време, со што ќе се олесни товарот на буџетот на секое семејство – велат од Општина Аеродром.

Поради потребата да се подобрат условите за децата што посетуваат настава во некое од основните училишта на територија на Општина Аеродром, според ветувањата на градоначалникот Муцунски, се планира и реализација на проектите „Нула дополнителни трошоци“, „Смарт-табли во сите училишта“ како и „Надградба и реконструкција на основните училишта“ што се наоѓаат на територијата на целата општина.

-Со одвојување 2 милиони денари во текот на мандатот, Општина Аеродром ќе обезбеди сите училници во основните училишта да добијат паметни табли за да им овозможиме на децата да следат комбинирана настава и да бидат целосно вклучени во дигиталното учење. На овој начин ќе овозможиме новите генерации да имаат пристап до современ начин на водење на настава, применувајќи комбинирани техники што ќе им донесат најдобри резултати – стои во предизборната програма на градоначалникот Муцунски.

Според ветувањата, овој проект би требало да се реализира во 2022 година.

Почнува исплатата на помош за новороденчињата

Неделава започнува исплатата на финансиската помош за 53 семејствата со новороденчиња во Општина Аеродром, кои ќе добијат по осум илјади денари.

– Општина Аеродром преку доделување еднократна парична помош за сите новороденчиња родени на нејзината територија дава свој скромен придонес во зголемувањето на наталитетот, а со цел делумно да им се олеснат трошоците на родителите што произлегуваат од таквиот среќен чин – велат од Општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот