Околу 20% од јапонските домаќинства користат електронски пари

Скоро една петтина од јапонските домаќинства користат електронски пари за мали набавки, според студијата на истражувачкиот институт во централната банка на земјата, што сигнализира дека културата за плаќање во земјата се менува, пренесува „Ројтерс“.

Во истражувањето објавено денеска, а кое е спроведено во јуни-јули, 18,5% од домаќинствата велат дека користат електронски пари, како што се апликации за паметни телефони и плаќања со дебитни картички, за купувања кои чинат трошат 1.000 јени (9,17 долари) или помалку.

Ова е за 3,1% повеќе од балежаните во 2018 година од 15,4%.

Кај домаќинствата со едно лице, од кои 43% се на возраст меѓу 20 и 30 години, процентот на корисници на електронски пари е значително поголем – 35,6%.

И покрај порастот на електронските плаќања, Јапонците продолжуваат да се потпираат главно на готовинските плаќања, при што истражувањето покажува дека 84% сè уште користат банкноти и монети за да купат мали производи.

Со плаќања помеѓу 10.000 и 50.000 јени, 48,5% од домаќинствата посочиле дека плаќаат во готово, а 3,4% рекле дека користат електронски пари.

Слабиот криминал, годините на ултра-ниски каматни стапки и националната банкоматска мрежа ги одржуваат парите во земјата стабилни.

Премиерот Шинзо Абе има за цел да ги присили повеќето Јапонци да се префрлат на безготовински плаќања за да им овозможат на продавниците да ги автоматизираат своите предвидувања за продажба и банките да го намалат бројот на скапи банкомати што треба да се одржуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот