Охридска банка предупредува за фишинг напади и злоупотреба на лични податоци од непознати сторители

Охридска банка ја известува јавноста дека непознати сторители, злоупотребувајќи го идентитетот на Банката преку лажно претставување, денес се обидуваат да извлечат лични податоци на клиенти на Банката и на општата јавност.

Забележани се два вида на напади. Во првиот случај на фишинг напад, непознат праќач од лажна меил адресата [email protected] праќа известување за добиена дознака од странство со прикачен .rar документ, којашто не е официјална меил адреса за комуникација на Банката. Во вториот случај, лажна Фејсбук страница именувана „Охридска банка“ повика на учество во наводна наградна игра и контактира Фејсбук корисници да достават слика од лична карта, број на трансакциска сметка и слика на бела позадина.

Охридска банка потенцира дека нема никаква поврзаност со наведените меил адреси и лажната Фејсбук страница и дека не организира наградна игра. Банката апелира до сите клиенти, како и општата јавност, со крајно внимание да ги употребува и доставува за обработка, личните податоци, особено во последниот период кога се зачестени обиди за крадење на лични податоци со лажно претставување во име на засегнати страни. Банката препорачува да се следат насоките на Дирекцијата за заштита на лични податоци за вакви ситуации и известува дека веќе го пријави овој случај во компанијата Фејсбук, како и во Министерството за внатрешни работи.

Официјалните канали за комуникација на Банката се објавени на веб-страницата www.ohridskabanka.mk, вклучувајќи го телефонскиот број на Контакт центарот 02 15 050 и официјалните профили на Банката на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот