Фото: EPA/FEHIM DEMIR

Огромен интерес во БиХ за натпреварот против Македонија, билети нема уште многу

Фудбалската репрезентација на Македонија на 29 мај ќе одигра пријателски натпревар против Босна и Херцеговина, а интересот за оваа средба е исклучително голем.

Според информациите од тамошниот фудбалски сојуз, веќе се продадени околу 22.000 билети за дуелот што ќе се одигра на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“. Иако капацитетот на стадионот изнесува околу 34.000 места, претходно беше најавено дека нема да биде исполнет до последно место поради одредени ограничувања.

Големиот интерес се должи и на фактот што за босанските навивачи ова ќе биде можност да ја испратат својата репрезентација пред настапот на Светското првенство во САД. Се очекува селекцијата да одигра уште еден контролен натпревар пред Мундијалот, најверојатно против Панама.

Светското првенство стартува на 11 јуни, а Босна и Херцеговина ќе се натпреварува во група со Канада, Катар и Швајцарија.

Полтронот на Вучиќ го нападна Ѓоковиќ за поддршката за БиХ: „Тој е пропаднат тенисер, никој во Србија не навиваше за Босна“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот