Домати краставици цени во маркети / ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Ограничување: Британците ќе купуват по три домати, пиперки и краставици!

Британските супермаркети почнаа да ја ограничуваат продажбата на одредени овошја и зеленчуци поради недостиг. Лошите временски услови и проблемите со транспортот во Африка и Европа предизвикаа да нема домати на полиците на продавниците, како и некои други овошја и зеленчуци. Ендрју Опи, директор за храна и одржливост во Британскиот конзорциум за малопродажба, рече дека неповолните временски услови во јужна Европа и северна Африка ја нарушиле жетвата на некои овошја и зеленчук, вклучително и домати и пиперки, објави „24Часа.бг“.

Северна Африка бележи слаби приноси и се очекува состојбата да се подобри во наредните денови и недели. Синџирот супермаркети „Асда“ го ограничи купувањето на три домати, три пиперки, три краставици и по една кесичка зелена салата, брокула, карфиол и малини. Синџирот супермаркети Морисонс најави дека од утре ќе воведе рестрикции, т.е. дека ќе може да се купат два домати, две краставици и две пиперки.

Слични мерки размислуваат и други продавници, пишува весникот Индипендент. Иако Британија е главно самодоволна во лето, земјата вообичаено увезува 95 отсто од доматите и 90 отсто од зелената салата помеѓу декември и март, пренесува БТВ.

Ситуацијата дополнително се комплицира со пониското производство на оранжерии во текот на зимската сезона во ОК и Холандија поради високите трошоци за енергија.

Минатата година, супермаркетите на Островот повторно претрпеа прекини во снабдувањето поради војната во Украина, но достапноста се подобри пред Божиќ. Сепак, проблемот остана со снабдувањето со јајца, кои со месеци тешко се наоѓаат на полиците на големите синџири на продавници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот