ОГРАБИЛ ЗЛАТАРА ВО ЗАГРЕБ ПА ИСЧЕЗНАЛ: Полицијата го бара крадецот, се молат граѓаните за помош (ФОТО)

Фото: Принтскрин

Хрватската полиција објави снимки од непознат маж, забележани од безбедносните камери од златара во улица во Загреб, на кои се гледа како тој маж на 23 април оваа година ја ограбил златарата, јавуваат хрватските медиуми.

„На фотографиите е мажот кој го бараме, а за кој се претпоставува дека располага со информации за наведеното кривично дело“, стои на порталот на полицијата на Загреб.

„Непознат маж на возраст од околу 40 години, со висина од 180 до 195 сантиметри, слаба телесна градба, кратка коса, кој тогаш бил облечен во горен дел тренерки со сива боја и долен дел тренерки со светло бела боја, со висок тон на глас и побавен изговор“, се додава на сајтот на полицијата, во однос на надворешните карактеристики на осомничениот.

Фото: Принтскрин

Полицијата ги замолува граѓаните доколку имаат информации за лицето на фотографијата за тоа да ја известат најблиската полициска станица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот