ФОТО | Офсет објави дека детето на неговата поанешна сопруга Карди Би е негово: „Моето дете лол“
Офсет ги вознемири следбениците на социјалните мрежи со објава во која алудираше дека тој е татко на новороденото бебе на неговата поранешна сопруга Карди Би и нејзиниот нов партнер, играчот на американски фудбал Стефон Дигс. Според скриншотовите што се проширија на интернет, раперот на својот Инстаграм објавил пиказна по веста за раѓањето на момчето и накратко напиша:
Препорачано
„Моето дете лол“, но објавата брзо ја избришал, пенесува „Пејџ Сикс“.

Карди Би не остана должна и се огласи на социјалната межа Икс со низа објави кои подоцна исто така ги избриша, обвинувајќи го поранешниот сопруг за вознемирување.
„Вие мислите дека е тоа смешно, а не е… помина повеќе од една година и тој сè уште ме вознемирува и ми се заканува до таа мера што се чувствувам како мојот живот да е во опасност… сè е забава и игри додека не биде предоцна“, тврдеше таа.
Карди се огласи и на платформата Спејс каде што дополнително проговори за провокацијата на Офсет.
„Навистина сум уморна од вознемирувањето, а кога ме вознемирува приватно и јас го игнорирам, тогаш почнува да ме вознемирува јавно“, сподели таа.

Карди годинава по втор пат поднесе барање за развод од Офсет по речиси седум години брак. Поранешната двојка има три заеднички деца, 7-годишната Калчр, 4-годишниот Вејв и 1-годишната Блосом. Раперот е исто така татко на уште три деца што ги има со три различни жени.
На почетокот на овој месец, Карди доби син со својот нов партнер, 31-годишниот Стефон Дигс, со кого ја потврди врската во мај. Офсет и тогаш јавно ја омаловажи нивната врска, велејќи дека нивната романса била „добар почеток и ПР“ за албумот на Карди.


