Официјално: Несторовски е нов фудбалер на Удинезе! (ФОТО)

фото: udinese.it

Илија Несторовски (29) потпиша официјално договор на три години, со можност истиот да биде продолжен на уште една година.

Директорот на екипата, Пиерпаоло Марино вели дека нашиот играч веќе има искуство во Серија А, постигнувајќи голови против врвни италијански клубови.

Роден стрелец, особено опасен со левата нога, стандарден репрезентативец на Македонија. На овој начин и се зголеми „колонијата“ на наши играчи во Калчото, Горан Пандев е во Џенова, а Елиф Елмас изминатиот период потпиша за Наполи.

Како што соопштуваат од клубот Несторовски е еден многу добар играч кој го привлече вниманието со своите перформанси во хрватскиот Интер Запрешиќ пред да се пресели во Италија.

Во три сезони во Хрватска постигна 69 голови, а за Палермо за период од три години настапувајќи во Серија А и Серија Б забележа 99 мечеви и 38 погодоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот