Официјално: МЗТ Скопје Аеродром останува во АБА2 лигата!

фото: MZT Skopje Aerodrom/Petr Stojanovski

И дефинитивно е донесена одлука дека АБА лигата ќе стартува на 2 октомври како што и беше планирано. Одлуката е донесена на денешното Собрание на АБА лигата и со тек на време сите проблеми кои постојат ќе бидат решени.

Веќе се закажани и натпреварите од првото коло во АБА лигата во периодот од 2-5 октомври: ФМП-Копер Приморска, Игокеа-Мега, Будуќност-Сплит, Партизан-Борац, Задар-Морнар, Цедевита Олимпија-Крка и Цибона-Црвена звезда.

Иако МЗТ Скопје Аеродром се наоѓаше во можност да се врати во првата АБА лига, поради финансиските проблеми во Приморска, словенечкиот клуб во последен момент најде спонзор.

Минатата сезона „металците“ предводени од тренерот Ѓорѓи Кочов обезбедија плеј-оф (освојувајќи го третото место во регуларниот дел) за учество во АБА лигата.

Одлучено беше да нема испаѓање (поради ситуацијата со ковид-19), новата сезона ќе брои 14 екипи, со тоа што од АБА2 лигата „билети“ за влез во елитата добија првопласираните две екипи, Борац Чачак и Сплит, иако Аеродромци можеа да се најдат на едно од тие места, но кога најмалку требаше претрпеа серија порази и паднаа на третото место.

Па така, МЗТ и официјално останува во АБА2 лигата, а во новата сезона ќе имаме уште еден наш претставник кој ќе дебитира во натпреварувањето, КК Работнички.

Наскоро треба да се дознае и распоредот на натпревари, а покрај МЗТ Скопје Аеродром и Работничким ќе настапуваат уште екипите на Горица, Хелиос Санс Домжале, Ловќен Бемакс, Младост Земун, Подгорица, ХКК Широки, Слобода Тузла, Спарс Рилвеј, Студентски центар, Сутјеска и Златибор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот