Пресврт во АБА: МЗТ Скопје ќе остане со празни раце, Приморска најде спонзор

фото: druga.aba-liga.com/Petr Stojanovski

Словенечкиот тим Приморска сепак планира да игра во АБА лигата, пренесува кошаркарскиот интернет сајт Спортандо.

Како што пишува првиот човек на овој сајт, Емилијано Каркија, челниците на Приморска во последен момент успеале да најдат спонзор и планираат да играат во регионалното кошаркарско натпреварување.


Ова значи дека екипата на МЗТ Скопје најверојатно ќе остане со празни раце бидејќи „металците“ беа прва резерва во случај некоја екипа да го откаже учеството во АБА лигата наредната сезона.

Приморска останува без играчи, МЗТ се враќа во АБА лигата!

МЗТ Скопје денеска дури и упати писмо до бордот на АБА лигата во кое побара да биде свикано Собранието на лигата и да македонскиот тим да биде примен во елитата, но се чини дека „металците“ ќе извисат во последен момент.

МЗТ Скопје бара итен прием во Собранието на АБА лигата

Словенечкиот тим минатата недела им соопшти на своите кошаркари дека се слободни да бараат нов ангажман бидејќи клубот нема пари да ги исплати, но преговорите со засега неименуваниот спонзор завршиле успешно и Приморска најверојатно ќе остане во АБА лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот