Приморска останува без играчи, МЗТ се враќа во АБА лигата!

фото: mztskopjeaerodrom.mk

Нема да игра, ќе игра, на крајот најверојатно и дефинитивно нема да игра Приморска во новата сезона од АБА кошаркарската лига.

Како што е и веќе познато словенечкиот клуб се најде во големи финансиски проблеми, иако досега се бореа со сите сили да бидат дел од елитата, за тоа имаше и дури најава. И пред три дена беше објавено дека МЗТ Скопје Аеродром сепак ќе игра во најдобрата регионална кошаркарска лига.

Денешните најнови информации велат дека Приморска ги информираше играчите се без обврски и можат да бараат нови клубови. Оваа словенечка екипа блесна во 2019 година кога освои четири трофеи, на домашно тло шампионатот, Купот и Суперкупот, како и титулата во АБА2 лигата, и така се квалификуваа за најдобрата АБА лига.

И првиот дел од сезоната Приморска го одигра одлично, беше во конкуренција за пласман во плеј-офот, но потоа следуваа финансиските проблеми, откако главниот спонзор одлучи да се повлече.

Некако успеаја да ја завршат сезоната, а и пандемијата на коронавирус ги прекина сите кошаркарски натпреварувања, но главниот проблем и натаму останува.

Како што пренесува „Спортандо“, управата на Приморска ги информираше сите свои играчи дека слободни и можат да бараат нови клубови.

Иако пред неколку месеци се шпекулираше дека ќе се случи таков исход, се чини дека финансиската состојба во клубот е неодржлива и големо прашање е дали Приморска ќе игра во АБА лигата оваа сезона.

Од АБА лигата сè уште не се огласи по повод овој случај, а МЗТ, кој минатата сезона беше трет во АБА2 лигата, чека и официјална информација за своето место во елитата, а доколку се случи тоа во првото коло од новата сезона ќе гостува кај ФМП во периодот од 2-5 октомври 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот