Официјално: И Горбок ќе го напушти Вардар
Рускиот интернационалец им се заблагодарува на сите, за сето што го доживеа како искуство. Им се заблагодарува на фановите, како и до Сергеј Самсоненко..
Сергеј Горбок (37) потврди на социјалните мрежи дека си заминува од македонскиот ракометен шампион Вардар.
Рускиот интернационалец им се заблагодарува на сите, за сето што го доживеа како искуство. Им се заблагодарува на фановите, како и до Сергеј Самсоненко за најдобриот ракометен клуб во светот.
– Јас сакам да кажам едно големо благодарам до сите што го имам доживеано во овој клуб. Голема благодарност до сите фанови и градот Скопје. Јас сум многу среќен што успеав да запознам многу луѓе и тие станаа мојот живот. И голема благодарност до Сергеј Samsonenko за најдобриот ракометен клуб во светот. Бев среќен да играм во овој клуб со толку прекрасни луѓе. Многу ви благодарам на сите – напиша Горбок на својот Инстаграм профил.
Покрај руската, настапуваше претходно и за белоруската репрезентација. Со Вардар успеа лани да ја освои титулата во ракометната Лига на шампионите.
Во неговата кариера беше дел уште од Пик Сегед, Рајн Некар Левен, Чеховски Медведи, Целје, ЗТР Запорожје и Аркатрон Минск.
Веќе е познато дека со „црвено-црните“ се разделија уште Калифа Гедбан (Адемар Леон), Артурс Кугис, Сташ Скубе (Мешков Брест), Данил Шишкарев (Веспрем), Глеб Калараш (Мешков Брест), а во изминатиот период се шпекулираше и трансфер на Жозе Толедо во романската екипа на Баја Маре.