Официјално: Фазли се врати во Шкендија

kfshkendija.com

Како што и официјално објави ФК Шкендија, по само пет месеци откако замина, во екипата се враќа Самир Фазли за продолжението од сезоната.

– Среќен сум што повторно ќе бидам дел од Шкендија и покрај лошиот старт оваа сезона, верувам дека и годинава ќе бидеме шампионот. Оваа екипа има квалитет, лесно ќе се адаптирам и подготвен сум да дадам максимум за исполнување на клупските цели – рече Фазли.

28-годишниот напаѓач веќе им се придружи на своите соиграчи на тренинзите, а бидејќи не се регистрирал за друг клуб, автоматски се стекнува со правото да игра за Шкендија и тренерот Ернест Ѓока.

Во кариерата ги бранеше уште боите на Македонија ЃП, холандските Херенвен и Хелмонд Спорт, швајцарскиот Вил и хрватскиот Рудеш. Има седум настапи за најдобрата македонска репрезентација.

Претходно тетовскиот клуб го промовираше првото зимско засилување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот