Шкендија го ангажираше првото зимско засилување (ФОТО)

фото: ФК Шкендија

Денеска македонскиот фудбалски шампион официјално го промовираше своето првото зимско засилување. Станува збор за 24-годишниот Ардин Далку кој игра во одбранбениот дел, а за Шкендија ќе има право да игра од јануари 2020 година.

Има досега два натпревари за најдобрата фудбалска репрезентација на Косово, а на клупски план до 2016 година досега ги бранеше боите на украинската екипа Ворскла Полтава (60 мечеви, два погодоци).

– Среќен сум што во иднина ќе го носам дресот на Шкендија. Долг период бев дел од украинскиот шампионат и многу сум мотивиран за ова ново искуство. Знам дека овој клуб има големи амбиции и ветувам дека ќе го дадам најдоброто од себе за да бидат постигнат клупските цели – се зборовите на косовскиот репрезентативец Далку за официјалниот веб сајт на ФК Шкендија.

Одлуката да не продолжи со Ворскла, значи и поблиску до косовската репрезентација и евентуален повик па и за можниот дуел против Македонија во плеј-офот на Лигата на нации за пласман на ЕП 2020 година.

Далку веќе тренира со тетовските „црвено-црни“, веќе и настапи за клубот во еден пријателски натпревар, поточно во второто полувреме во победата над Дрита Ѓилани на 29 септември и каде запиша еден гол.

Тој ќе продолжи да тренира со екипата, со цел да се аклиматизира во составот предводен од тренерот Ернест Ѓока и максимално биде подготвен за пролетниот дел од сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот