Официјално: Дориев е нов играч на Шкендија (ВИДЕО)
Досегашниот играч на Академија Пандев од следната натпреварувачка сезона ќе ги брани боите на Шкендија.
Препорачано
Љупче Дориев кој претходно за „Слободен печат“ изјави дека има доста интерес за неговите услуги, но сеуште ништо конкретно, денеска се официјализираше неговиот нов клуб.
После лекарските тестови, репрезентативното крило на Македонија потпиша договор на три години со цел да помогне во нападот на тетовскиот прволигаш.
– За првпат во мојата кариера ќе играм надвор од Струмица. Во Македонија за мене Шкендија е најдобриот клуб. Потпишувајќи за оваа екипа претставува голем чекор за мене и мојот живот. Доаѓам во Шкендија да победувам, да освојувам трофеи и за постигнување успеси во Европа – рече Дориев на промовирањето како фудбалер на Шкендија.
Тој на започна кариерата во Хоризонт Турново, потоа три години беше дел од Академија Пандев каде што беше капитен, а потоа го освои и Купот. Во сезоната 2018/2019 реализираше 16 голови во шампионатот, игри што му донесоа и повици од нашата А репрезентација.


