Дориев: Има доста интерес, но нема уште конкретно!

фото: фејсбук

Не сме задоволни од прикажаните резултати сезонава. Се случи тоа што се случи, пред сè е здравјето, вели играчот на „пандевци“.

Играчот на прволигашкиот фудбалски клуб Академија Пандев, Љупчо Дориев зборуваше за својот актуелен статус и досегашните игри сезонава.

„Пандевци“ имаа добар почеток во шампионатот, но од ноември до почетокот на март годинава резултатите не беа најдобри.

До официјалниот прекин на фудбалската сезона поради пандемијата на коронавирус, екипата се наоѓаше на седмото место во генералниот пласман.

Па, добро, нормално дека не сме задоволни од прикажаните резултати сезонава, но се надевавме дека првенството ќе продолжи и бевме максимално мотивирани за претстојните шест натпревари, но се случи тоа што се случи, пред сè е здравјето – ни изјави Дориев.

Во тек е преодниот рок, има интерес за потписот на Дориев кој лани со клубот го освои Купот на Македонија, а воедно досега неколку пати е повикан во составот на нашата најдобра репрезентација.

Има доста интерес, работиме на тоа, но нема уште конкретно. Кога ќе има, ќе биде информирана јавноста – додаде играчот на ФК Академија Пандев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот