Официјално: Ангеловски може да повика 26 фудбалери за Европското првенство

фото: ffm.mk/Игор Ангеловски, селекторот на македонската А репрезентација

Денеска европската фудбалска куќа информираше дека секоја репрезентација учесник на престојниот континентален собир може да повика 26 фудбалери, наместо 23 како што беше досега.

Оваа одлука УЕФА ја донесе со цел полесно националните селекции да се справат со ризиците од инфекција со ковид-19 и карантин.

Од друга страна, само 23 играчи ќе бидат во записникот за секој поединечен натпревар на ЕВРО, прецизира УЕФА во соопштението за јавноста.

Селекторите мора да го достават својот список до УЕФА од 26 мај до 1 јуни, но помеѓу тој датум и првиот натпревар тие ќе можат слободно да го заменат играчот во случај на „сериозна повреда или болест“, со медицински заверена документација.

Играчите кои биле позитивни на ковид-19 или кои биле прогласени за „блиски контакти“ на позитивно лице тестирано со ковид-19 – и затоа биле во изолација – преку одлука на властите се сметаат за случаи на сериозна болест и затоа може да се замени пред првиот натпревар со одобрение од администрацијата на УЕФА. Исто така, голманите можат да бидат заменети пред секој меч.

Французите предвидуваат, Македонија на ЕП ќе напаѓа со Пандев и Трајковски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот