Официјално: Тилеманс останува во Премиер лигата, потпиша за Астон Вила

Фото: EPA-EFE/VINCENT MIGNOTT

Eкипата на Астон Вила објави дека постигнала договор со Лестер за доведување на играчот за врска Јури Тилеманс.

Белгискиот 26-годишен фудбалер ќе се пресели во Астон од 1. јули како слободен играч по истекот на договорот со Лестер. Лестер сезонава испадна од Премиер лигата, па се очекуваше заминување на Белгиецот.

Во дресот на Лестер, Тилеманс одигрља 195 натпревари и постигна 28 голови. Астон Вила сезонава заврши на седмото место во Премиер лигата и се избори за учество во Конференциската лига.

Тилемас во Лестер пристигна во 2019 година од Монако за сума од 30 милиони евра, се поврзуваше и со поголеми тимови пред се Милан и Рома, но на крајот се одлучи да остане во Англија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот