Официјално: Стив Неш повеќе не е тренер на Бруклин Нетс

Фото: Brooklyn Nets

Стив Неш повеќе не главен тренер на Бруклин Нетс, по катастрофалниот старт на НБА.

Бруклин победи на последниот натпревар против Индијана Пејсерс, но сепак од клубот одлучија дека е време за разделба. Отказот стигна само неколку часа пред нивниот натпревар против Чикаго Булс.

Според информациите од новинарот на „ЕСПН“, Адријан Војнаровски двете страни заеднички се согласиле дека е време прекин на соработката.

Против Чикаго тренер на тимот би требало да биде Жак Вон. Нетси со Стив Неш на клупата забележаа вкупен скор од 94 победи и 67 порази. Во клубот пристигна со големи очекувања, но во плеј-офот во 2021 година беше елиминиран во првото коло од Бостон Селтикс. Шпекулациите кои засега не се потврдени се дека Кевин Дурант инсистирал на смена на Стив Неш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот