Официјално: Славен Билиќ се врати во Саудиска Арабија

Фото: EPA-EFE/Clive Rose / POOL EDITORIAL

Во Саудиска Арабија наредната сезона ќе работи и хрватскиот стратег, Славен Билиќ кој прифати да седне на клупата на Ал Фатех.

Последниот тренерски ангажман на Билиќ беше во англиски Вотфорд, а откако доби отказ беше во потрага по нов клуб. На крајот, Билиќ се врати во Саудиска Арабија каде што претходно го водеше Ал Итихад.

Ал Фатех во изминатата сезона заврши на шестата позиција, а летово засега за разлика од неколку други фудбалски клубови, не донесе поголемо фудбалско име.

„Добредојде во оазата на палмите, заедно одиме да испишиме историја“, објавија саудискиот клуб на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот