Официјално: Португалецот Дуарте од следната сезона во Вардар

Жилберто Дуарте настапува на позицијата лев бек/Фото: rkvardar.mk

За следната сезона нов играч во Вардар ќе биде португалскиот интернационалец Жилберто Дуарте кој потпиша договор со актуелниот македонски првак. Тој игра на позицијата лев бек, а доаѓа од екипата на Монпелје од Франција.

Дуарте (197 см. 31 год.) е првиот Португалец што ќе настапува за Вардар. Со Монпелје играше сезонава во Лигата на шампионите и постигна 24 гола. Претходно има настапувано и за екипите на Порто (Португалија), Висла Плоцк (Полска) и Барселона (Шпанија).

Заедно со шпанскиот тим играше и на Ф4 турнирот во Келн во 2019 година кога Вардар ја освои втората и во финалето ја победи токму Барселона.

Покрај во напад Дуарте игра и во одбрана, со што ќе се засили и одбраната на „црвено-црните”. Дуарте има 91 настап за репрезентацијата на Португалија и постигнато 283 гола. Сезонава во францускиот шампионат постигна 34 погодоци, а лани постигна 50 гола.

Дуарте играше и на ЕП 2022 година за Португалија и постигна осум гола. Португалците не ја минаа првата фаза откако од нив подобри беа Холандија и Исланд. За новата сезона Вардар веќе ги потпиша средниот бек Божо Анџелиќ од Црна Гора и десниот бек Нејц Цехте од Словенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот